Home / Македонија / Наградени менторите по хорско пеење

Наградени менторите по хорско пеење

Во салата за состаноци при Општина Карпош, раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Анета Марковска- Илиевска им врачи награди на наставниците – ментори по хорско пеење кои  победија на општинскиот натпревар одржан на 25 мај во Драмски театар.

Оваа година, за прв пат на територијата на Општината се организираше натпревар во хорско пеење, на кое третото место го поделија менторите Дејан Миленковски од ООУ ,, Петар Поп Арсов’’ и Александар Панајотов од ООУ ,, Вера Циривири – Трена’’.

Втората награда отиде кај наставничките Милованка Ѓуровска од ООУ ,, Војдан Чернодрински’’ и Марија Златановска од ООУ ,, Јан Амос Коменски, а првонаградена на натпреварот по хорско пеење е ментор – наставничката Елизабета Станоевска од ООУ ,, Владо Тасевски’’.

Инаку победникот освои награда од 12.000 денари, додека второ и трето пласираните ја поделија наградата од 9.000 односно 6.000 денари.

Доделувајќи им ги наградите, раководителката Марковска- Илиевска истакна дека овој натпревар во иднина ќе прерасне во традиција, се со цел да се развиваат музичките таленти кај учениците во основните училишта во Карпош.

Таа им ги честиташе освоените награди, поттикнувјќи ги и понатаму да вложуваат труд во училишните хорови, со што би ја развивале музичката наобразба кај учениците но и би помогнале во откривањето надарени ученици.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*