Home / Свет / Најмалку 38 жртви во двата напада во Истанбул

Најмалку 38 жртви во двата напада во Истанбул

Досега има 38 жртви во двата бомбашки атентати во непосредна близина на стадионот на фудбалскиот клуб Бешикташ во Истанбул, соопшти турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, цитиран од светските агенции.

– Според последните податоци, во синоќешните напади загинале 38 лица. Од нив 30 се полицајци, седуммина се цивили, а идентитетот на еден од убиените се уште не може да се утврди – посочи Сојлу.

Тој додаде дека бројот на приведени за врска со двојниот атентат се зголемил на 13 и има податоци за евентуално учество во нападите на Курдската работничка партија (ПКК).

Вицепремиерот Нуман Куртулмуш, исто така, изјави дека има можност ПКК да стои зад двојниот атентат во Истанбул, информира ТАСС.

-Засега нема конечна потврда, но, сепак, има податоци дека ПКК стои зад нападите – рече Куртулмуш, цитиран од турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*