Don't Miss
Home / Македонија / Најнова вест: Почна пресекувањето на патот Битола-Новаци

Најнова вест: Почна пресекувањето на патот Битола-Новаци

Пред само неколку минути, екипи на Нискоградба од Битола почнаа да го сечат патот Битола-Новаци, којшто го поврзува најголемиот електро-енергетски комбинат во Македонија, РЕК Битола.

На овој патен правец е стопиран сообраќајот од Битола кон Новаци и од Новаци кон Битола. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативниот пат Новаци – Ношпал преку Тополчани.

Вработените на РЕК Битола на своите работни места ќе доаѓаат по тој алтернативен правец, а и жителите на Новаци за да дојдат во Битола ќе мораат да се движат по патот преку Тополчани.

Инаку состојбата во Новаци е повеќе од критична и алармантна. Екипи на Кризниот штаб и жители на Новаци прават се за да го заштитаt селото од надојдените води.

Во овој дел на Пелагонија поплавен е и манастариот во Новаци, бидејќи таму попушти насипот. Никој во овој момент не може да знае како ќе се одвиваат работите. Според информации на “Битолски весник“  доколку прекине дождот кој моментално паѓа, овој патен правец којшто е исклучително важен за РЕК Битола, би бил во прекин најмалку два дена.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*