Home / Uncategorized / Наскоро нов закон за медиуми

Наскоро нов закон за медиуми

Наскоро Македонија ќе добие нов закон за медиум.Македонија има голем број медиуми, но не се даваат доволно средства од буџетот за нив. На дебатата за наоѓање на прилагодлив финансиски модел за домашните медиуми, авторката на анализата, Весна Никодиновска, изјави дека неусогласеноста на Законот со потребите на медиумскиот пазар е меѓу најголемите проблеми на домашните медиуми и причина зошто во Македонија нема ниту една меѓународна медиумска компанија.

Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, изјави дека за медиумскиот бизнис да биде успешен и да има влијание, потребна е транспарентност за сопствеништвото и нивното финансирање.

„Во релативно мал пазар, медиумскиот бизнис и регулаторите имаат предизвик, ова е можноста која им се нуди за влијание и поради ова е важно сопствеништвото и финансирањето на медиумите да бидат транспарентни”, рече Жбогар.

Министерот без ресор задолжен за прашања за комуниција и транспарентност, Роберт Поповски, соопшти дека предложениот Закон во текот на Договорот од Пржино за реформи во медиумите, ќе се усвои наскоро.

Оваа влада, според Поповски, нема да потроши буџетски средства за комерцијално рекламирање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*