Home / Вести / Наташа Петровска пресече дека ќе брка втор мандат

Наташа Петровска пресече дека ќе брка втор мандат

Актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска ќе оди на втор мандат за градоначалник.

        Ова денеска го изјави градоначалничката Петровска за емисијата “Директно“ на ТВ Тера.

        Таа изјави дека ваквата одлука ја донесла откако  била предложена во најголемиот број месни организации на СДСМ и по согласноста која ја добила од нејзиното најтесно семејство.

        Наташа Петровска е прва кандидатка од СДСМ која јавно соопшти дека  официјлно поденела кандидатура з аградоначалничка на Битола.

        Инаку во трката за градоначалник за Битола од СДСМ конкурирале над петнаесетина кандидати, што е уште една потврда дека во владеачката партија интересот за за градоначалник на Битола бил мошне голем.

        Меѓу нив има нови и непознати кандидати , но и голем број познати имиња  на СДСМ од Битола.

        Според извори на Нова Македонија денеска истекува рокот до кога треба сите заинтересирани кандидати официјално да ги поднесат своите кандидатури и програми за извршување на градоначалничката функција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*