Home / Вести / Негативни резултатите на “цимерите “ на пензионерот од домот “ Сју Рајдер “ во Битола

Негативни резултатите на “цимерите “ на пензионерот од домот “ Сју Рајдер “ во Битола

           Од Центарот за јавно здравје во Битола информираат дека по направнеите тестирања во старскиот дом “ Сју Рајдер“  негативни се резултатите на ковид 19 на лицата кои биле во иста соба со заболениот 85-годишен пациент кој бил заразен од корона вирусот.

 Од Центарот за јавно здравје  Битола информираат дека првите пристигнати три резултати се негативни, а се очекуваат резултатите од земените брисеви на уште околу 20-тина лица од домот, вработени и пациенти.

Инаку 85-годишниот пациент  кој бил на 18 март  сместен во  старскиот дом  “ Сју Рајдер “ по откривањето на заразата е префрлен  на Инфективното одделние во Клиничката болница во Битола,  моментално се наоѓа во добра состојба и е стабилен.

-Пациентот е се уште на Инфективното одделение во Клиничката болница, со релативна лесна слика, со оглед на возраста која е најризична група и заради условите и другите пациенти во домот, нема да се врати, останува на натамошно лекување, изјави прим.д-р Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола.

Инаку од Министерството за здравство велат дека моментно санаитарниот инспекторат испитува како се се случи  инфицирањето во старскиот дом “ Сју Рајдер “ во Битола, каде се сместени околу 150 корисници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*