Home / Вести / (Не)Грижата кон медиумите загрижува

(Не)Грижата кон медиумите загрижува

              

        Во предвечерието на почетокот на фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки “, претседателот на државата, Стево Пендаровски оствари средба со новинарите од локалните и регионалните медиуми, како и дописниците на национланите медиуми  од Битола.

Притоа новинарите на барање на претседателот Пендаровски отворено  и без задршка зборуваа за проблемите со кои се среќаваат во извршувањето на својата професионална  работа и опстојувањето на медиумите.

На средбата беше истакнато дека медиумите, со одредени исклучоци, како во државата, така и во Битола, се среќаваат со огромни проблеми, кои главно се од финансиска природа.

Тоа што посебно ги загрижува и револтира  вработените во медиумите во Битола е нивниот нерешен статус и негрижата која ја покажуваат некои структури од локалната власт, кои сосема ги игнорираат проблемите со кои се среќаваат медиумите и кон истите се однесуваат крајно индифернетно.

На средбата беше истакнато дека  поради тешките состојби во кои се наоѓаат битолските медиуми најголемиот број од новинарите го напуштија новинарството и редакциите се букавлно десетковани, со намалени редакции, без подмладок и можности не за  понатамошен развој, туку за голо опстојување.

Ако во еден период во Битола во медиумите работеа дури над 130 новинари и медиумски работници денес нивниот број изнесува само десетина, а веќе подолго време никој од младите не сака да работи во новинарството, така што медиумите се оставени без кадар.

Во Битола во изминатите години престанаа да постојат дури 3 локални телевизии Меди, Мега, Орбис, пред неколку години згасна Радио Битола, престана да излегува весникот Его.

И во таква ситуација, кога над стотина вработени во медиумскиот простор престнаа да се занимаваат со новинарство, во Битола нема пари ни за последните мохиканци, кои остнаа верни на професијата,

Тоа е недозволиво за еден град каков што е Битола, каде секој ден во разни области се одржуваат бројни настани, беше речено на средбата.

Тоа што посебно ги погоди битолските медиуми е што со законските измени од 2018 година се забрани финансирање преку органите на државата и општините во медиумите, со што локалните медиуми останаа и без поддршка од локалните власти, а секојдневно ги следат и објавуваат нивните настани, пред се заради општествената одговорност.

Посебно загрижува тоа што Општината Битола покажува крајно индиферентен однос кон состојбите во локалните медиуми и наместо да се потруди да се надминат таквите состојби, тие со своите “политики” кон медиумите уште повеќе ги влошуваат состојбите со тоа што ги доведоа некои  локални печатени медиуми да објавуваат реклами дури за 4 денари.

Загрижува  и тоа што покрај општинските власти крајно индиферентн однос кон локалните и региоанлните медиуми покажауваат  успешните приватни битолски компании, кои едноставно не сакаат да слушнат за својата општетсвена одговорност да издвојуваат средства за рекламирање и информирање на јавноста.

Загрижувачки е и статусот  на дописниците од Битола, кои работат претежно за мали хонорари, колку минимална плата, а не се осигурани.

Во вакви услови повеќето од новинарите остареа како дописници, а се уште го немаат потребниот работен стаж за пензија. Воедно, повекето од новинарите  се приморани да работат на повеке места за да можат да соберат средства колку за достојна плата.

На средбата претседателот Пендаровски изрази поддршка за медиумите и истакна дека е потребно да се подигне јавната свест за значењето на регионалните и локалните медиуми, со оглед на нивната улога и придонес за медиумската писменост, навремено и професионално информирање за средината од која доагјаат.

-Потребна е цврста и долгорочна поддршка за медиумите, не само на национално, туку и на регионално и локално ниво, со оглед на придонесот кон јавното информирање кој тие го имаат, истакна претседателот Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!