.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Нема да има организиран дочек на Новата година во Битола

Нема да има организиран дочек на Новата година во Битола

Годинава, на 31 декември, за разлика од минатите години, нема да има организиран  дочек на Новата 2017 година во Битола.

Ова го соопшти градоначалникот на Битола, Владимир Талески на денешната прес-конференција, на која новинарите требаше да бидат информирани за тоа како битолчани организирано ќе ја дочекаат Новата година.

До одложувањето на организираниот дочек на Новата 2017 година дојде поради актуелните состојби во државата и кризата која  веќе подолго време е присутна како на централно, така и на локално ниво.

Според Талески,  бидејќи децата не се виновни за актуелните состојби  пред Нова година ќе  се одржат  детски манифестации на младите музички таленти од “Си до“ и “Тра ла ла“ .

Дел од средствата кои беа предвидени за дочекот на Новата година со одлука на Советот на општина Битола  ќе бидат  пренаменети  за социјалните случаи во Битола, како и за штитениците во Заводот за  деца со оштетен слух и говор, соопшти Талески на денешната прес-конференција.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*