Don't Miss
Home / Колумни / (Не)одговoрност

(Не)одговoрност

                                     

          Уште неизлезена од т.н. “први бран” на пандемијата со коронавирусот, според здравствените работници и “експертите” кои се грижат за  колективното здравје на луѓето, Македонија веќе влезе во втората фаза од пандемијата.

          Вака деновиве ни го објаснуваат надлежните здравствени работници драстичното зголемување на бројот на заразените од коронавирусот и бројот на починатите.

          Додека најголемиот број од соседните држави и земјите од Европа, па дури и Италија, каде пандемијата дивееше во изминатите неколку месеци, прогласија крај на заразата и каде бројот на заразените е драстично намален, кај нас здравствените работници и политичарите ни пласираат   приказна дека Македонија наводно влегла во вториот бран од оваа зараза.

          Иако како лаик во здравството, сепак по сето она што го слушнав и прочитав во изминатите месеци од почетокот на пандемијата по деноноќното седење пред телевизорот и читање стручна  “литература” за коронавирусот, ќе си земам за право да  кажам дека во Македонија не само што не е стигнат вториот бран, туку таа сеуште не е излезена  од првата фаза.

          Со драстичното зголемување на бројот на инфицираните од ковид 19, Македонија стана земја која не само што не може да ги отвоти своите граници, туку држава  на која сите земји од соседството и Европа и ги затворија границите.

           Состојбата  со пандемијата во Македонија  и драстичното зголемувањ ена бројот на заразените веќе неколку дена е прва вест  во медиумите од соседните држави, а и предмет на анализа на голем број епидемиолошки експери во светот.

          Прераното опуштање не само на граѓаните, туку и надлежните здравствени работници и луѓето кои ја креираат атмосферата во државата веќе скапо не чини, а колкава ќе биде цената на крајот само  Господ знае.

          Иако пандемијата сеуште беше на големо присутна во државата, особено во некои средини на мешано етничко население, како што се  Чаир, Студеничани, Куманово, Тетово, Струга… некои луѓе, кои беа вклучени во (не)грижата за здравјето на граѓаните како предвреме да прогласија крај на пандемијата и победа на оваа тешка заразна болест.

          Намалениот број на заболени и починати лица, како да беше сигнал за луѓето кои беа вклучени во борбата со пандемијата предвреме да прогласат победа над истата и почнаа не само да ги олабавуваат мерките на заштита, туку и тие толку многу  се олабавија што наместо  да му го дадат завршниот удар на коронавирусот, тие почнаа да  се грижат за тоа како ќе сме живееле по справувањето  со пандемијата.

          Коронавирусот  не само нас, туку и на светот му покажа дека не само што е  опасна заразна болест, туку и дека е буквално непредвидлив, за кој никогаш не можеш да знаеш кога ќе  се појави и кога ќе исчезне.

          Наместо со приближувањето на крајот на пандемијата, по цели 3 месеци преземени драстични мерки и живеење во вонредна состојба и полициски часови, надлежните, било да се здравствени, или политички работници, уште повеќе да  ги сконцентрираат силите во дефинитивната пресметка со коронавирусот, тие почнаа да се занимаваат со во овој момент тривијални работи.

          Коронавирусот  таквата опуштеност ја искористи и ако не цела, тогаш добар дел од државата, не врати на самиот почеток, кога бројот на заразените и починатите беше мошне висок и се пресметуваше како статистичка бројка.

          Во спортот има едно старо  непишано правило, никогаш не се радувај предвреме.

          Крај е само тогаш кога судијата ќе отсфири крај.

          Во изминатите години како нација многу пати скапо сме го платиле нашето предвремено славење и опуштање.

          Во минатото, а и сега, многу добиени натпревари и битки сме ги губеле затоа што не сме знаеле до крај да бидеме  претпазливи и сконцетрирани.

          Таквите порази секогаш сме ги оправдувале со нашиот наводно вроден менталитет предвреме да славиме и да се опуштаме.

          Впрочем да се потсетиме и битолската и македонска  спортска легенда, алпинистот Димитар Илиевски – Мурато,  првиот освојувач на највисокиот врв во светот “Монт Еверест “ не се изгуби во Хималајските беспаќа при  искачувањето, туку при симнувањето од  “Покривот на светот”.

          Добро познавајќи го него како алпинист и неговата физичка подготвеност,  убеден сум дека при искачувањето на Монт Еверест беше добро сконцетриран и многу полесно го искачи врвот од   Виктор Грошељ и Стипе Божик.

Но по освојувањето  на Монт Еверест, Диме од преголема радост, премногу се опушти и предавајќи му се на емоциите од неговиот животен сон  да  ужива во погледот од “Покривот на светот “ остана повеќе од што требаше на Монт Еверест и на слегување  по големиот подвиг, исчезна во прекрасните убавини на  Еверест.

          Вакви и слични трагични и несреќни спортски порази има многу.

 Битолчани уште долго време ќе се сеќаваат на натпреварот со  Лемго во Битола одигран пред 24 години,  кога  по скромниот пораз во Германија од само два гола разлика (25Ч23) беше на прагот да се пласира во финалето на Купот на победниците на Куповите но со примен гол во последната секунда(24:23)  Пелистер  ја пропушти историската шанса да се пласира во големото финале.

 порази, по  некои недовршени големи и историски успеси, во Македонија има многу. И тоа скапо не чинело, некогаш  и со големи жртви.

          (Само)дисциплината на македонскиот народ и на другите народи кои живеат во Македонија е  наша слаба страна.

          Ние како луѓе сме познати како недисциплинирани, кои често пати сме дури експерти за непочитување и кршење на законите.

          Но истите  недисциплинирани луѓе,  кога ќе се најдат во странство и те како стануваат послушни,дисциплинирани и вредни работници.

          Но ако народот има право да биде недисциплиниран, надлежните државни институции и луѓето кои ги раководат истите, немаат ни морално, ни законско право да бидат такви или слични.

          Тие мораат по описот и пописот на работите кои ги извршуваат да бидат (само)дисциплинирани.

          Тие треба и мора да знаат дека мерките и уредбите кои ги носат мораат да важат за сите, без исклучок и без разлика на која политичка партија, вера или нација, му припаѓаат.

          Корона вирусот не одбира кого ќе зарази, ни по партиска, ни по верска определба, најмалку по политичка.

          Затоа мерките кои ги носеа надлежните мораа да важат за сите без исклучок, дали се тие православни, христијани, или муслимани, сдсмовци, или вмровци.

          Недозволено е за некои да важат мерките и забраните, а за некои не.

          Уште помалку е дозволено да се воведуваат карантини во некои градови, а пред стапувањето во сила на таквите мерки и полициски часови, половина градови да ви се преселат во други урбани средини.

          Таквото селење од север на југ, Ломбардија го плати со илјадници изгубени животи.

          Затоа крајно време е државата и надлежните одговорно да се однесуваат не само кон неодговорноста на луѓето, туку и кон својата неодговорност.

          Оваа пандмеија не познава и не признава импровизации.

          Секое опуштање знае жестоко да го казни.

           Во таа смисла ова е последен момент сите институции и политички лидери, кои ја водат, или имаат намера да ја водат државата, да заборават на суетите и да седнат на иста маса за да се договорат за  дефинитвната  пресметка  со корона вирусот.

          Во спротивно не сакам ни да замислам што може да не снајде.

Колумната можете да ја прочитате во најновиот број на Битолски весник кој од утре е во продажба

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*