Home / Uncategorized / Неопходна е уште помасовна поддршка за Давид, утре голем хуманитарен концерт

Неопходна е уште помасовна поддршка за Давид, утре голем хуманитарен концерт

Голем број на македонски музичари подадоа рака за помош на петгодишен Давид Домазетовски од Битола, кои утре со почеток во 19 часот во спортската сала „Младост“ ќе одржат хуманитарен концерт. Домазетовски од 22 декември се наоѓа на Одделот за неврохирургија во „Аџибадем Систина“ поради тумор на мозокот на кого по две тешки операции, туморот му е отстранет, но опоравувањето се уште трае, а помошта се уште е потребна.

-Да му помогнеме на Давид и ние да ја извојува најтешката битка. Со секое купување на влезница секој хуман граѓанин активно учествува во неговото заздравување- апелираа денска на прес-конференција организаторите на концертот.

Утрешниот хуманитарен концерт ќе биде отворен од  неговата поголема сестра Ева која напиша песничка во чест на својот брат Давид.

dvid 2

На хуманитарниот концерт ќе настапат 30тина изведувачи, меѓу кои  Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски, Бојан Стојков, Ламбе Алабаковски, „Памперс“, Дарко Илиевски, Александар Белов, Наташа Малинкова, Александар Тарабунов, Наде Талевска, „Мотив бенд“,Татјана Стефановска, “, Елена Велевска, итн.

Организаторите се надеваат дека салата ќе биде преполна и дека граѓаните ќе ја покажат својата хуманост на дело.

10502176_10205466317722856_35996398390460817_n

Исто така се во преговори со неколку битолски фирми од кои очекуваат да купат поголем број на карти и на тој начин да учествуваат во заздравувањето на малиот Давид Домазетовски.

Помошта од секој поединец, фирма, здружение е добродојдена за петгодишното битолчанче кое целокупната битолска и македонска јавност посакува  здраво да се врати во топлиот дом.

Воедно,  за сите оние кои сакаат да помогнат, можат да донираат и преку броевите за донација: 077/143-778- за корисниците на мрежата на ВИП, 075/143-502- за корисниците на мрежата на ОНЕ и 070/143-163- за корисниците на мрежата на Т-Мобиле, или пак на сметката на Давид во Комерцијална банка.

Бидете хумани

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*