Don't Miss
Home / Вести / Непристоен предлог на КЦ “Иван Михајлов “: Бугарско државјанство за сите што ќе се попишат како македонски Бугари!?

Непристоен предлог на КЦ “Иван Михајлов “: Бугарско државјанство за сите што ќе се попишат како македонски Бугари!?

Културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола преку писмо до бугарскиот претседател Румен Радев,  до премиерот Бојко Борисов и вицепремиерите Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов бара секој граѓанин на Северна Македонија, кој ќе приложи фотокопија од формуларот и кој ќе докаже дека на престојниот попис се декларирал како „македонски Бугарин“, да добие бугарско државјанство по скратена постапка.

Стереотипите против нас сè уште се во учебниците по историја и овие стереотипи го нарушуваат нашето право на слободно изразување. Така имаме апсурдна ситуација: десетици илјади доаѓаат во Софија за бугарско државјанство. Со своите потписи се декларираат како Бугари по потекло, а овде на пописот не се осмелуваат да се запишат како македонски Бугари. Во следните недели ќе се одржи нов попис во Република Македонија. Затоа се обраќаме до властите во Бугарија да ни помогнат да добиеме безбедност за оние Македонци кои сакаат мирно и слободно да се регистрираат како македонски Бугари. Бараме радикално поедноставување на постапките за добивање бугарско државјанство, што ќе нè заштити од притисокот на бугарофобијата. Зарем ова не е точно значењето на бугарското државјанство – да ги заштити нашите права?! Апелираме секој граѓанин на Република Македонија кој со фотокопија од пополнетиот формулар за време на пописот ќе докаже дека се осмелил да се регистрира како македонски Бугарин да добие по желба бугарско државјанство по скратена постапка. На овој начин, би избегнале да бараме сертификати за потекло, кои раѓаат шпекулации за корупција и кои можат да им ја откријат на локалните служби нашата намера да добијаме бугарско државјанство. Така, бугарската држава ќе ги заштити македонските Бугари кои се изјавиле на пописот. Како ваши браќа, веруваме дека нашето барање ќе биде разбрано затоа што е во интерес на луѓето од двете страни на границата – границата со која не раздели нашата тешка историја“, се вели во писмото испратено од Културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*