Home / Вести / Невообичаено предупредување во Зовиќ

Невообичаено предупредување во Зовиќ

                            

          Поради ограничениот број на паркинг места во Битола чести се предупредувањата кога на некои несовесни возачи, кои не размислуваат каде  паркираат, одредени граѓани им се закануваат дека доколку неправилно паркираат пред нивните влезови  ќе им ги дупнат гумите.

          Но предупредувањето кое го забележавме во селото Зовиќ, во Мариово помалку не насмеа.

          Имено сопственикот на куќата, која е затворена со катанец има напишано предупредување дека на сите оние кои ќе паркираат пред неговата влезна врата ќе им ги дупне гумите.

          Интересно е што за време на двочасовниот престој во Зовиќ, колку што престојувавме за време на правењето репортажа, не сретнавме ни жива душа.

          Сите куќи во селото бувално беа затворени, а затворен беше и етно ресторанот, еден од ретките не само во ова село, туку и во Мариовскиот крај.

          Но сопственикот на куќата за секој случај напишал предупредување дека секој еден кој ќе паркира пред неговата влезна врата рескира да му бидат дупнати гумите.

          Колку да си знаат несовенсите возачи дека сообраќајните правила мора да се почитуваат и во Зовиќ, кое е речиси целото напуштено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!