Home / Uncategorized / Никола Груевски:На изборите бевме предадени

Никола Груевски:На изборите бевме предадени

Никола Груевски на партискиот конгрес откри дека партијата изборниот пораз го доживеала бидејќи била предадена и од внатре, од свои функционери.

-Сепак, морам да издвојам една работа која мора да биде кажана, колку и да боли. И во моите средби со кандидатите за градоначалници, и оние кои победија и оние кои загубија, и во моите средби со претседателите на ОК, и на средбата со група ветерани на партијата, и во писмените матерјали кои пристигнаа од цела Македонија, од ОК и МК, за целите на оваа нализа, провејуваше, да не речам и доминираше зборот ПРЕДАСТВО. Чувството и информациите од сите страни беше дека по подолг временски период, голем број наши функционери, на различни нивоа, од различни мотиви и цели, извршија класично предавство на партијата, и тоа има значаен удел во крајниот резултат, истакна Груевски, кој додаде дека се сега се е јасно и дека ги знаат имињата на предавниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*