Home / Uncategorized / Никола Талевски добитник на наградата за новинарство на Битолски весник “ Тоде Петрески”

Никола Талевски добитник на наградата за новинарство на Битолски весник “ Тоде Петрески”

Денеска претпладне, во НУУБ “ Св. Климент Охридски “ Битола во присуство на голем број почитувачи на неговото новинарско дело, членовите на неговото  потесно семејство, по 12 пат беше врачена наградата за новинарство на Битолски весник, “ Тоде Петрески”

Годинашен добитник на наградата за новинарство  на Битолски весник за 2017 година , која го носи името на покојниот новинар на македонското радио, Радио Скопје, Тоде Петрески, е новинарот Никола Талевски.

Никола Талевски е роден на 18.01.1940 година во Битола. Својата професионална новинарска кариера ја почнува мошне млад во далечната 1962 година во Радио Битола, каде што претходно како хонорарен соработник  ја уредуваше и водеше хумористично сатиричната емисија “Радио хумор и сатира”.

Од 1970 година тој е професинален дописник на  Телевизија Скопје, каде останува да работи до пензионирањето во 2004 година.

Никола Талевски зад себе има  богата  новинарска кариера, а иако е длабоко навлезен во осмата деценија од животот тој сеуште е активен новинар и го уредува локалниот  двонеделник “Инфо Магазин”

Напишал 6 книги, најмногу од областа на хуморот и сатирата.

Добитник е на неколку престижни новинарски награди, а носител е на две југословенски награди  од областа на хуморот и сатирата  1971 година во Будва Црна Гора и Крушевац 1994 година.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*