Home / Вести / Нимиц на 17 -ти со старо-нов предлог за името

Нимиц на 17 -ти со старо-нов предлог за името

На следната средба со преговарачите Наумовски и Василакис, се очекува медијаторот Нимиц на маса да извади конкретен предлог за името.

Ова во изјава за медиумите го истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас.

Османи одговарајќи на новинарско прашање изјави дека имињата со кои се лицитира во грчката јавност се шпекулации бидејќи се уште не постои предлог од Нимиц.

Шефот на секретаријатот за европски прашања тврди дека доколку проблемот со Грција не се реши во првите неколку месеци од 2018-та ќе се загуби смислата на процесот кој беше рестартиран и тргна напред со полна пареа. На средбата Османи и Коѕијас разговарале за мерките на градење доверба и подготвување на јавноста за прифаќање на решението доколку се дојде до него. 

Медиумите не успеаја да дојдат до министерот за надворешни на Грција да добијат став и негово видување на средбата со вицепремиерот Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!