Home / Uncategorized / Нов мeѓународен успех на битолските ротаријанци

Нов мeѓународен успех на битолските ротаријанци

Битола има богата традиција на ротаријанството. Кон низата успеси  битолските ротарјинаци деновиве  додадоа  уште еден меѓународен успех.

Од вкупно 19 ротари клубови колку што постојат во Република Македонија, со околу 560 членови,  двата ротари  клубови од  нашиот град, Ротари клубот Битола и Ротари клубот Широк Сокак се едни од најактивните.

Сите тие клубови се организирани  во Сојуз на Ротари Клубови од Македонија и се во рамките на Дистрикт 1912 Словенија и Македонија.

За  тоа како помина Конференцијата во Љубљана  разговаравме со Раде Христовски,  член на Советот на координатори на Сојузот на Ротари Клубови од Македонија, и член на Ротари Клубот Битола.

Христовски  е човек  кој . е член од самиот почеток на возобновување на првиот ротари клуб во Битола, односно од 1998 год., кој   во ротаријанската 2000/2001 год, ја извршуваше  претседателската функција.

Неговата ротаријанска биографија е мошне богата. Раде  Христовски во изминатите над 2 децении  обавувал  повеке ротаријански функции надвор од клубот. Бил  секретар за Македонија, неколку години асистент на разлицни гувернери на Дистрикт, координатор на асистенти за Македонија, координатор на Сојузот на Ротари Клубови од Македонија  што е и највисока функција во Ротари Македонија, тренер на Сојузот, а  моментално член на Советот на Ротари на Македонија и член на Интер Кантри Комитетот  Македонија-Словенија.

-На конференцијата во Љубљана беше присутен специјалниот претставник на претседателот на Ротари Интернационал-господинот  Бил Цен.Дистриктните конференции на ротари се годишни конференции кои се одржуваат при крајот на мандатот на Гувернерот на Дистриктот. во ротаријанската година (01.07.2016-30.06.2017).Гувернер на Дистрикт 1912 е господинот Јоже Здравец од Словенија.Практично на конференцијата се даде извештај за резултатите од функционирањето на Ротари клубовите во Дистриктот. Ова беше прва заедничка конференција на Ротари Словенија и Ротари Македонија и слободно можам да кажам дека беше многу успешна. Тоа што посебно ме радува е што на оваа конференција докажавме дека  Македонските ротаријанци во ништо не заостануваат зад словенските.

Конференцијата беше искористена и за потпиешување на повелби за збратимување на повеќе клубови од Македонија и Словенија.

Во Битола исто така функционираат два ротаракт клубови за возраст од 18 до 30 години, и еден Интеракт клуб за возраст 14 до 18 години, нагласува Христовски.

За  активностите на Ротари клубот Битола, Раде  Христовски вели:

-Во Ротари има многу широко поле за дејствување.Во  клубовите сите сме волонтери и се трудиме да придонесеме  за решавање на одредени проблеми во заедницата. Ангажманот  во клубот и надвор од клубот сами ги прифакаме, секој онака како што секој чувствува и може да издвои од своето време и средства за да даде придонес. Мојот ангажман се остварува во клубот и надвор од клубот, во рамките на Сојузот и Дистриктот. Во клубот сум член на Бордот, а во рамките на Сојузот како член на Советот на Ротари Македонија, сум вклучен во донесување на најзначајните одлуки за ротари во Македонија. Македонија од 01.07.2016 е во рамките на Дистрикт 1912 Словенија и Македонија, на што му  претходеше двегодишен ангажман во што бев многу активно вклучен, нагласува Христовски.

 За тоа штое ротари  и кои се всушност ротаријанцитеРаде Христовски вели:

-Тоа се оние 1.208.000 членови, ваши пријатели, лидери во професијата, ваши соседи, здружени заедно за да направат трајни промени во заедницата и да го направат светот поубаво место за живеење. Обезбедуваат  хуманитарна помош, поттикнуваат високи етички стандарди во сите професии и помагаат во градењето добра волја и мир во светот

Инаку според зборовите на Раде Христовски во светот има вкупно

1207913  ротари членови, кои се органзиарни во  35.399 клубови и 534 Дистрикти. Во Европа бројот на ротаријнаци изнсува  308.555 ротари членови. Постојат   219029 ротаракт членови (18 до 30 год. возраст)

9523 интеракт клубови (14 до 16 год. возраст)

Инаку според Христовски  Ротари клубот Битола од своето постоење до денес има реализирано повеќе  значајни проекти. Од нив  позначајни  се донацијата   на 2 амбулантни возила, лабараторија за средното медицинско училиште во Битола, дојавувачи за пожар во училиштата во Битола, библиотека во Демир Хисар и рурални средини и многу други проекти.

-Наскоро ке го завршиме и проектот за обезбедување филтри за прочистување на вода за детските градинки во Битола, ни речњ на крајот од разговорот Раде  Христовски.

Инаку Раде Христовски е  дипломиран економист и магистрирал  на  менаџмент на човечки ресурси, а се занимава со трговија. Сосопственик  е на  Кандико и Канди Маркет  во Битола.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*