Home / Вести / Нов Зеланд во карантин поради 1 новозаболен

Нов Зеланд во карантин поради 1 новозаболен

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, ја стави целата земја под строг карантин, откако беше пријавен нов случај на коронавирус во Оукленд, најголемиот град во Нов Зеланд, прв во земјата во последните шест месеци.

Нов Зеланд ќе биде затворен три дена, додека градовите Оукленд и Коромандел, крајбрежниот град каде исто така престојувало заразеното лице, ќе бидат затворени седум дена.

Со воведувањето на нивото 4 и најстрогите правила за заклучување, училиштата, канцелариите и сите бизниси ќе бидат затворени, а ќе функционираат само основните услуги.

„Најдоброто што можеме да направиме за да излеземе од ова што е можно побрзо е да вложиме големи напори“, рече Ардерн.

Таа посочи дека властите претпоставуваат дека новиот случај е всушност делта инфекција со коронавирус, иако како што кажа тоа не е потврдено. Таа, сепак, додаде дека може да има и други случаи.

Последниот пријавен случај на ковид-19 во Нов Зеланд беше во февруари.

Во Нов Зеланд постоеше стратегија за спроведување строги мерки и рана идентификација на инфекции, што и помогна на таа земја практично да го елиминира Ковид-19, дозволувајќи им на луѓето да живеат без ограничувања, иако меѓународните граници на таа земја се претежно затворени.

Од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд објави околу 2.500 потврдени случаи на коронавирус и 26 смртни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*