Don't Miss
Home / Вести / Нов земјотрес ја стресе Лариса

Нов земјотрес ја стресе Лариса

Земјотрес со јачина од 5.9 по Рихтеровата скала вечерва повторно ја стресе Грција во близина на Лариса.

Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 30 километри од Лариса во 18:38 часот по средноевропско време на длабочина од 11 километри.

Овој дел на Грција во последните два дена го погодија серија земјотреси, од кои двата најсилни со јачина од 6.1 и 5.1 степени според Рихтер. И двата земјотреси беа почувствувани во целиот регион, а и во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*