Home / Македонија / Нова фекална канализација за новата населба во “Жданец“

Нова фекална канализација за новата населба во “Жданец“

Инфраструктурните активности на територијата на Општина Карпош продолжуваат со засилено темпо.

По тој повод, градоначалникот на Општината   Стевчо Јакимовски даде изјава за медиумите во која ги објасни сите детали околу овој капитален проект на локалната власт.

-Во фаза сме на изведба на фекална канализација во должина од 600 метри   за новата населбата во  Жданец, која што почнува интензивно да се гради.  Со ова, практично, повеќе ќе нема  септички јами во овој дел од Општината, а со тоа ќе прекине загадувањето на подземните води. Инвестиција чини околу 3.900.000 денари, а за нејзината изведба  е ангажирана фирмата ,,Ју –Бај 1’’, а со оваа канализација ќе биде поврзана целата населба. Сакам да напоменам дека ова е втора фаза од реализација на проектот, кој започна со поставување на фекална канализација од последната станица на автобусот бр. 57 во населбата Нерези. На тој начин се овозможува подобар комодитет во живеењето  на граѓаните во овој дел на Општина Карпош. Во исто време работиме на подобрување во водоснабдувањето, бидејќи во овој дел, нема квалитетно водоснабдување, односно има само техничка вода, односно водата не се користи за пиење. Со ова практично се обезбедува многу подобро  живеење за граѓаните, бидејќи во исто време ќе се изврши асфалтирање на оваа улица,  каде што живеат граѓаните коишто веќе самите ја имаат поплочено со бекатон плочки- образложи првиот човек на локалната самоуправа Стевчо Јакимовски.

Градоначалникот Јакимовски, напомена дека изградбата на овој дел од канализациониот вод ќе заврши за околку дваесет дена.

По завршувањето, сите граѓани кои градат, или имаат изградено куќи, ќе можат да се приклучат на фекалната канализација, а со тоа септичките јами на територијата на Општина Карпош ќе бидат минато.

 

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*