Home / Вести / Нова пародија на “Поинаку“ за локалната власт

Нова пародија на “Поинаку“ за локалната власт

                       

Независните советници во Советот на Битола на независната советничка група „Поинаку“ , во свој препознатлив стил повторно се пошегуваа со инфраструктурните зафати на локалната самоуправа и градоначалничката Наташа Петровска.

На повеке места во градот, каде се изведуваат реконструктивни зафати на улиците тие поставија „информативни табли“, за проектите, кои ги нарекоа „Општински инвестициски крпењци пред избори“.

На „информативните табли“ стои дека инвеститор на реконструктивните зафати е Општината Битола, која истите ги реализира со пари на граѓаните и дека не се знае
вредноста на реконструкцијата, кој е изведувач на работите, кој е надзор, а за рокот на завршување на реконструкцијата пишува „ќе биде“.

Ваквата пародија на „Поинаку“ во првиот момент ги заинтересира битолчани, а потоа ги изнасмеја.

Инаку, ова не е прв пат советниците на независната советничка група „Поинаку“ на ваков начин да се шегуваат со проектите на градоначалничката Наташа Петровска.

Независната советничка листа „Поинаку“ од Битола со нова акција за корекција на работењето на Општина Битола. 

            Во врска со последната пародија од Поинаку велат.

     -Со информативни табли на неколку локации низ битолските улици, во името на граѓаните побараа информации за проектите за реконструкција на улици. Имено, согласно Законот за градење на секое градилиште, пред отпочнување со градежни активности задолжително треба да се постави информативна табла која ќе содржи информации за тоа кој е инвеститор и изведувач, како и за рокот за изведба на проектот и вредноста на истиот. 

     Ние како Поинаку, поттикнати од реакциите и поплаките на граѓаните и стопанствениците кои стигнуваат до нас, решивме на ваков начин да ја потсетиме власта и “градоначалничката” на законската обврска која ја имаат пред граѓаните со чии пари располагаат. Граѓаните велат дека убаво е кога нешто се прави, но и дека сакаат да гледаат работа во континуитет, а не само на неколку месеци пред избори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*