.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Новаци ќе инвестира 1,2 милиони денари за реконструкција на улица во Зовиќ

Новаци ќе инвестира 1,2 милиони денари за реконструкција на улица во Зовиќ

Советот на Општина Новаци на денешната  62-та седница за оваа година  донесе одлука за кофинансирање на Општина Новаци за реконструкција на улица во село Зовиќ.

 Вкупната вредност на оваа инвестиција за селото Зовиќ  ќе изнесува  1.293.960,00 денари.

Со поставувањето на нов асфалт во селото Зовиќ ви голеа мера ќе се придонесе за подобрување на инфратсруктурата во селото и подобрување на условите за развој на туризмот во ова мариовско село.

Инаку Новаци во оваа година од општинскиот буџет инвестираше над 11 милиони денари з апоставување асфалт во 17 села на општината Новаци.

        На  седницата е донесена одлука за пренамена на средства во Буџетот на Општина Новаци за 2020 година, како и Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општината за 2021 година.

Советот донесе одлука за одобрување на средства за одбележување на Новата 2021 година, божиќните празници и празникот Богојавление – Водици.

На седницата беше усвоен финансискиот план за ООУ „Славко Лумбарковски“ с.Новаци за 2021 година.

Советот на Општина Новаци го донесе Планот на програми за развој, како и програмата за социјална заштита во Општина Новаци за 2021 година.

Советот донесе одлука за учество и имплеметација на проектот „Мариово туристичка Детокс дестинација “ со акроним МТД, финансиран од Европска Унија, од првиот повик од програмата „ ЕУ за општините“, одлука за Согласност за кофинансирање (за реализација на Проект за Јавни Работи за 2020 година) како и програмата за работа на Советот на Општина Новаци за 2021 година.

На оваа седница се разгледуваа и барања за еднократна парична помош од граѓани.

На продолжението од 62. седница, Советот донесе одлука за усвојување на Предлог Буџет на општина Новаци за 2021 година како и одлука за одобрување Буџетски календар за 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*