Home / Вести / Ново прскање против комарците во Битола

Ново прскање против комарците во Битола

Врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола Центарот за јавно
здравје – Битола од 26 до 30 јули ќе ја спроведува втората фаза на дезинсекција за уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20 до 2 часот по полноќ, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*