Home / Култура / Новогодишен концерт на Камерниот оркестар

Новогодишен концерт на Камерниот оркестар

Хитови од светски познатите пејачки имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде, ќе бидат дел од програмата на утрешниот новогодишен концерт „Лејдис симфони” на Камерниот оркестар на Битола што традиционално го организира Центарот за култура.

Со камерниот оркестар ќе настапат Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.

– Камерниот оркестар на Битола од поодамна е познат бренд во оваа музичка сфера, а концертите „Џејмс Бонд Симфонија“, „Рок Симфонија“ со Влатко Стефановски, како и коцертот со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош се` уште се памтат – посочуваат од НУ Центар за култура – Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*