Don't Miss
Home / Вести / Обновување на училиштата во руралните средини

Обновување на училиштата во руралните средини

По санацијата на улиците во село Доленци, деновиве се санираше и подрачното  основно училиште во ова село, кое е во состав на ОУ „Елпида Караманди“.    

Во училиштето беше саниран кровот поставени се нови тавани, извршено е бојадисување на ѕидовите, а во тек е поставување на подни и ѕидни плочки, со што во голема мерка се подобрени условите за одржување на квалитетна настава.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска денеска го посети и подрачното основно училиште во селото Оптичари, во кое исто така имаше големи зафати во однос на реновирањето на руинираниот кров, а се изврши и бојадисување во училишните простории. За санација на овие две училишта, општината издвои над 775.000 денари.

Во рамките на подобрување на наставниот процес на далечинско учење, за децата од ранливите категории во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ беа доделени лап-топ компјутери од  невладината  организација „Македонија 2025“, со овозможен интернет до крајот на учебната година од страна на Телеком Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*