Home / Uncategorized / ОБСЕ: Изборите според светските стандарди

ОБСЕ: Изборите според светските стандарди

Мисијата на ОБСЕ за набљудување на изборите ќе ги провери обвинувањата за изборни нерегуларности – рече амбасадорката Одри Гловер. Сепак генералната оценка е дека изборниот ден поминал во демократска атмосфера.

„Ние сакаме да дознаеме кои се фактите и ќе гледаме дали се покренуваат постпки со овие наводи.“ – изјави Одри Гловер – амбасадор на ОБСЕ/ОДИХР.

Излезноста во првиот круг од 68% според Карим Ван Овермиер од Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, зборува за зголемена доверба кај гласачите во земјава.

„Овие 60% покажуваат дека граѓаните имаат очекуивање во иднината и веруваат дека нештата може да се сменат на подобро“ – изјави Карим Ван Овермиер – Конгрес на локални и регионални власти на Совет на ЕУ.

Избори без нерегуларности не се возможни коментира Ван Овермиер, иако тој како и амбасадорката Гловер едногласно оценија дека изборите биле спроведени во склоп со меѓународните стандарди, но со простор за подобрување.

„Има недостиг на доверба во способноста на администрацијата и судството, непристрасно да постапуваат по предметите Има и некои препраки од претходните мисии кои не се спроведени.“ – изјави Гловер.

„Наш заклучок е дека изборите беа добро организирани и беше во согласност со меѓународните стандарди.“ – изјави Ван Овермиер.

Само за споредба, локалните избори во 2013 поминаа со најмногу забелешки од ОБСЕ/ОДИХР, а и со најголем број поднесени приговори. Во извештајот беше нотирано дека при одлучувањето по приговорите ДИК не била конзистентна во носењето на одлуки за исти неправилности, а дел од нив произлегувале од тесните политички интереси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*