Home / Вести / Обвинение за возачот на Панделевски

Обвинение за возачот на Панделевски

Обвинителството поднесе обвинение за возачот на Цветан Панделевски, сопственик на компанијата „Пелистерка“, бидејќи барал мито од 150.000 евра од неговата сопруга за да го извади Панделевски од притвор, кој му беше одреден како осомничен во случајот на СЈО „Империја“.

Освен што барал пари тој исто така и се заканувал на сопругата на Панделевски. -Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот во текот на ноември  и декември 2018 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг. За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“. Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата. За обвинетиот на сила се претходно определените мерки за претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица, информираат од обвинителството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!