Home / Uncategorized / Одбележан денот на лицата со посебни потреби во Битола

Одбележан денот на лицата со посебни потреби во Битола

              

Денеска во Битола лицата со интелектуална попреченост  го одбележаа својот ден.

-Овој ден одбравме сите да бидеме исти. Секој од нас носи талент и идеја која е потребна во општеството. Почитувајќи го кодексот на еднаквост укажуваме почит кон различностите и ги докажуваме нашите способности,   изјави Јулијана Трајчевска, претседател на Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Порака“ Битола, која упати апел до родителите на  лицата со интелектуална попреченост, со посебни потреби, да ги извадат од дома да се дружат, да бидат активни  во областа на спортот, ликовната уметност, да се дружат и да покажат се што можат.

Меѓународниот ден  на лицата со посебни потреби и интелектуална попреченост  беше одбележан  со изложба на Васко Војновски, кој премина од обично цртање на тетоважи до вистински уметнички дела. Прво црташе со црно, недефинирани фигури, но со самата работа почнаа да се препознаваат ликови во самите тетоважи. На овој начин тие споделуваат што се можат да направат овие лица, да ги покажат нивните таленти, потенцијали со цел овие лица подобро да се вклучат во сите сегменти во општественото живеење, но и како еден од начините за надминување на предрасудите и стереотипите во заедницата.

Покрај изложбата, тие организираа инклузивна ликовна работилница во соработка со неколку основни училишта од Битола со која даваат порака за недискриминација, еднаквост, соживот, љубов и другарство, порака на исти вредности и принципи. Како дел од активностите беше и предавањето од страна на СВР Битола кои го имаа во Центарот за лицата со попречености „Порака“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*