Home / Uncategorized / Одбележан денот на пожарникарите во Битола

Одбележан денот на пожарникарите во Битола

Општина Битола и ТППЕ Битола, во понеделникот го одбележаа својот јубилеј,  182 години од формирањето на првата противпожарна служба во Битола, која е формирана во 1.836 година со повелба на Румелискиот валија.

Денот на сите позарникари со искрени желби за здравје, среќа и успешна работа им го цестита заменик градоначалничката на Битола, Емилија Костурски.

„Во 1836 година на 20 мај, тука на ова место во Битола, формирана е првата противпожарна бригада на  Битола, која воедно беше и прва на Балканот.  Денес, по цели 182 години го славиме денот на нашите пожарникари, денот на ТППЕ во Битола и во овој момент можам да кажам дека благодарение на иницијативата на градоначалниците од Пелагонискиот регион, обезбедени се 4 милиони денари кои што ке се искористат за техничко опремување на овие единици, истакна Емилија Костурски,заменик градоначалник на Опстина Битола.

Опремувањето на Територијалната противпожарна единица е од големо значенје за зголемување на заштитата на пожарникарите, а со тоа и за нивно безбедно и брзо делување, пред се при гаснење на пожари на отворен простор. Ова што го најавија градоначалничката и заменик градоначалничката е битен елемент за нас, бидејки овој грант од Пелагонискиот плански регион ке се посвети исклучиво на заштитата и подобрување на  заштитната опрема на пожарникарите за гаснење на  шумски пожари,изјави Костадин Поповски, раководител на ТППЕ Битола.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*