Home / Uncategorized / Одбележан денот на рударите во РЕК “ Битола “ и “Осломеј “ Кичево

Одбележан денот на рударите во РЕК “ Битола “ и “Осломеј “ Кичево

           

По повод верскиот празник Голема Богородица, кој се прославува и како Ден на рударите, во рударско-енергетските комбинати во Битола и во Осломеј беа доделени награди и признанија за најдобрите работници.

Наградите ги додели Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АД Електрани на Северна Македонија, м-р Васко Ковачевски, кој ги поздрави вработените и им го честита празникот, нагласувајќи ја важната улога која рударите ја имаат во РЕК Битола и РЕК Осломеј, чие производство на електрична енергија почива на јагленот, како и нивното значење во рамките на целата компанија АД ЕСМ.

,,Нашите рудари се првите во синџирот на производство на електричната енергија во термоелектраните. Се почнува во рудникот, од јагленот. Исто така, тука се и сите други вработени во другите сектори, но тоа што е заедничко за сите е споделувањето на една работна околина која е тешка за работа, која бара многу и која е многу одговорна. Државата енергетски се потпира на нас и тоа е нешто за што сите мора да сме свесни во секој момент, бидејќи тоа е голема одговорност”- им порача директорот Ковачевски на вработените.

На пригодни церемонии по повод празникот кои се одржаа во двата комбината беа доделени награди, пофалници и плакети за покажана успешност, пожртвуваност и посветеност во извршувањето на работните задачи на 35 вработени во РЕК Битола, 11 вработени во РЕК Осломеј, како и признанија за двајца работници од РЕК Битола пензионирани со најдолг стаж меѓу двата празника.

Дел од пофалниците се доделуваат и за особена пожртвуваност при справувањето со последиците од поплавите што го зафатија еден од двата рудника во РЕК Битола, Суводол, во август годинава.

Директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски и директорот на ПЕ Рудници, Драган Видановски, денеска ги посетија вработените во рудникот кои непрекинато ги извршуваат работите за повторно целосно оспособување на ископот на јаглен и лично им го честитаа Денот на рударите.

          Во РЕК “ Битола “ добитници на признанијата станаа Михајло Котевски, кој преку 40 години работеше во блок командата  и Томислав Делев ракувач на котел.

          Двајцата добитници со својата самопрегорна работа целиот работен век,кој го поминаа до пензионрањето во РЕК “ Битола “ биле пример за младите “ рековци “ како треба да се работи и однесуваат работниците во Комбинатот, кој е клучен столб не само за елекро енерегтскиот систем во државата, туку и целокупното стопанство.

                   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!