Don't Miss
Home / Uncategorized / Одбележан Денот на рударите во РЕК “Битола”

Одбележан Денот на рударите во РЕК “Битола”

Денот на македонските рудари денеска традиционално беше одбележан во рудникот РЕК „Битола”. Во оваа прилика беше нагласена клучната улога на рударите при процесот на производство на електрична енергија и постигнатите резултати во периодот помеѓу двата празници.

На одбележувањето на Денот на македонските рудари во РЕК„Битола” присуствуваше директорот на Секторот за комерцијални работи и член на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ Анита Стамнова според која врвен приоритет на компанијата останува одржувањето на стабилно производство на јаглен од рудниците „Суводол” и „Брод – Гнеотино” и продолжување на работниот век на РЕК „Битола” со отворањето на подинските јагленови серии на рудникот „Суводол”.

Директорот на РЕК „Битола”, Јовко Крстевски го потенцираше значењето на рударите во остварувањето на крајните производствени резултати на РЕК„Битола” и напорите кои се преземаат за обезбедување на континуирана работа на РЕК „Битола” и градење на стабилен енергетски систем на Република Македонија.

-Нашите рудари покажаа дека имаат капацитет и знаење да одговорат на сите предизвици пред кои се исправени, обезбедувајќи ги неопходните количини на енергетска суровина, потребна за континуирана работа на енергетските блокови на РЕК„Битола”, кои испорачуваат повеќе од 70 отсто од вкупното домашно производство на електрична енергија, истакна директорот на рудниците во РЕК„Битола” Спиро Мавровски. На прославата во рудникот „Суводол” традиционално беа прогласени и најдобрите рудари за оваа година, како и победниците на спортските работнички игри, организирани од синдикалната подружница на РЕК „Битола” во чест на Денот на рударите.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*