Home / Uncategorized / Одбележан денот на Руската дипломатија

Одбележан денот на Руската дипломатија

Со полагање на букети свежи цвеќиња на споменикот на „Рускиот крст“ во Градскиот парк и отворањето на изложбата „100 раритети на Руската државност“ во центарот за култура, денеска во Битола беше одбележана 117 годишнината од смрта на рускиот конзул и дипломат, Александар Ростоковски.

Денеска руските дипломати ширум светот го одбележуваат својот празник и им оддават почит на своите колеги, предводници, кои го имаат дадено својот живот, исполнувајќи ја својата службена, а често пати и морална должност.

– Денеска му оддаваме почит на рускиот конзул, Ростоковски, кој бил убиен овде во Битола во 1903 година, кој со својата дејност бил пример за многу генерации руски дипломати. За нас оваа година е значајна бидејќи ја одбележуваме 75 годишнината од победата на фашизмот. Руската надвореша политика се темели врз цврстите убедувања, кој ги формулирал канцеларот Александар Герчаков пред 1,5 век. Ние на никого не му се закануваме, ништо не наметнуваме, никому не му кажуваме како треба да живее, не се обидуваме да придобиеме еднострани вредности – вели амбасадорот Сергеј Баздникин.

Баздникин изјави дека врз овие принципи се темелат односи со сите земји во светот,
вклучувајќи ја и Македонија.

– Ние сакаме и натаму да градиме добри односи со Македонија, на основа на вистинска еднаквост, меѓусебно почитување и водење сметка за взаемните интереси, доверба, посебноста, на општо признаените норми на меѓународните права немешање во внатрешните работи, почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет – рече амбасадорот Сергеј Баздникин,

Тој додаде дека во комплицираните услови на денешницата, кога човештвото повторно се наоѓа на една опасна линија, надворешната политика на Русија е насочена кон формирање на обединувачка и позитивна агенда, кон развивање на взаемна соработка со сите држави, со цел осигурување на еднаква безбедност за сите и решавање на конфликтите преку разни компромиси.          

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*