Home / Uncategorized / Одбележани 77 години од депортацијата на Битолските евреи

Одбележани 77 години од депортацијата на Битолските евреи

Во рамките на одбележувањето на 77 годишнината од депортацијата на Евреите во Втората светска војна, на споменикот на депортираните Евреи од Битола и на споменикот на Естреја Овадија Мара, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, делегации на Советот на Општина Битола, Еврејската заедница на Република Северна Македонија и други претставници на делегации положија свежо цвеќе.

-Секој 11 март во нашиот град буди посебни емоции поврзани со Евреите, кои што биле присутни во голема заедница во минатото, но за жал, во 1943 година, заедно со Евреите од Штип и Скопје биле депортирани и завршиле во Треблинка, а станува збор за 7144 Евреи. Но она што го оставиле низ архитектурата и низ нивното живеење, преку преданијата, навиките и обичаите кои што ги негувале, сеуште е присутно кај нас, што е добро, затоа што потојано не потсетува на нив. Врските со нив и со државата Израел, како држава претставник на таа заедница, но и со Евреите од целиот свет, како и со Еврејската заедница од нашата држава исклучително ни значат, затоа што на тој начин и нас како граѓани не потсетуваат да не се заборави никогаш она што нив им се случило“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Меѓу пристутнуте беше и Сара Ароести од САД, чиј дедо бил роден во Битола, како и поголемиот дел од нејзиното семејство.

-За време на Втората светска војна, поголемиот дел членовите на моето семејство беа убиени, но, имам роднина која била родена во Битола, сеуште е жива и има 103 години. Таа ми е голема инспирација, во неа останале толку многу спомени за градот Битола и сеуште ми раскажува приказни мене и на моите деца. Поради неа, јас сум денес овде и поради членовите на нашето семејство кои беа убиени, како и поради сите Евреи од Македонија кои не преживеаа“, рече Ароести.

За мемориите, старите битолски фотографии и натамошната соработка на Општина Битола и Еврејската заедница од САД, Сара Ароески разговараше со градоначалничната Наташа Петровска на работната средба во нејзиниот кабинет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*