Don't Miss
Home / Uncategorized / Одбројувањето за Најуспешните започна

Одбројувањето за Најуспешните започна

До традиционалниот избор на најуспешните битолчани за 2014 година, што веќе 16 години по ред го организира редакцијата на Битолски весник остануваат само уште девет  дена, а до среда, 25 февруари, кога истекува последниот ден за гласање останува уште само една недела.
Дотогаш читателите на Битолски весник можат да го дадат својот глас за кандидатите за кои сметаат дека треба да станат добитници на едно од многуте признанија.
На девет  дена пред Манифестацијата Битолски весник веќе ги привршува сите активности за
Големата сала на луксузниот ресторан “Вавилон“ веќе е распродадена.

Влезниците се бараат како алва.

Тоа е најдобра потврда дека и на годинашната Манифестација ќе присуствуваат над 800 гости.
Со оглед на тоа што сите наши читатели, кои не ќе можат да обезбедат влезници Битолски весник заедно со ТВ “Тера“ и од оваа манифестација повторно ќе врши директен ТВ пренос.
Деновиве беше договорен покровителот, под чие покровителство ќе се одржи Манифестацијата.

Завршени се преговорите и со генералните спонзори, а одредени се групите и пеачите кои ќе ги забавуваат гостите на Манифестацијата.

Битолски весник за сите присутни во салата подготвува спкетакуларна Манифестација и незаборавна забава.

Гостите ќе ги забавуваат три познати групи и неколку пеачи. Нивните имиња се најдобра гаранција дека и оваа година “Изборот на најуспешните битолчани“ ќе помине во незаборавна атмосфера, на каква што гостите навикнале да бидат присутни сите овие 16 години.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*