Home / Спорт / Одлука за продажба на РК Пелистер

Одлука за продажба на РК Пелистер

Советниците на Советот на утрешната седница ќе расправаат и за предлог одлуката на Општината за формирање на акционерско друштво кое во наредниот период ќе управува со РК Пелистер.
Според  предлог- одлуката, која веќе им е доставена на советниците најверојатно нови сопственици на ракометниот клуб Пелистер ќе бидат Општината Битола, фирмата “ Цермат “ и ГП “ Пелистер”
Вака стои во предлог- одлуката на Советот на Општината Битола, која ќе се најде на дневен ред пред советниците на Советот на утрешната седница.
Според оваа предлог одлука, Општината Битола, која се јавува како основач на РК Пелистер ќе поседува 30 отсто од акциите, а ГП “Пелистер” и “ Цермат “ ќе имаат по 35 отсто од вкупните акции.
Доколку се усвои ваквата одлука во иднина ракометниот клуб Пелистер ќе се вика Друштво за спортски дејности, ракометен клуб Пелистер АД Битола
Седиштето на клубот ќе биде во просториите на Општината Битола.
Инаку,  основачкиот влог на ракометниот клуб Пелистер ќе биде 25 илјади евра во денарска противредност, која ќе ја обезбедат трите оновачи, општината Битола, ГП “Пелистер“, “Цермат“.
Во основачкиот влог општината Битола ќе учествува со 7.500.00 евра.

Инаку општината Битола во новата управа на РК “Пелистер“  ќе ја претставува советникот од партијата на Власите,  Леонида Чолаковски.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*