Home / Uncategorized / Одземен телефонот на Трајко Вељановски

Одземен телефонот на Трајко Вељановски

Пратеникот Трајко Вељановски не беше уапсен во акцијата која МВР ја спроведе во утринските часови во вторникот, а во која беа приведени 24 осомничени за насилството што се случи на 27 април во Собранието, но сепак му бил одземен неговиот телефон, објави Дојче Веле, повикувајќи се на неофицијални извори од истрагата.

Од истрагата засега не соопштуваат детали, но се претпоставува дека нивните телефони содржат информации за одредени комуникации во критичниот ден, кои би можеле да помогнат во расветлувањето на одредени активности на 27-ми април. Засега не е јасно дали сомнежот е поврзан за нивна меѓусебна комункикација или за нивна комуникација со други лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*