Home / Вести / Огненовски ќе ги пренесува искуствата од САД во Битола

Огненовски ќе ги пренесува искуствата од САД во Битола

Независниот кандидат за градоначалник на општина Битола Јорго Огненовски најави дека доколку ја добие довербата на битолчани и биде избран за градоначалник ќе пренесе дел од искуствата што ги стекнал и воочил од организираните општини во САД, особено во Лос Анџелес, каде што живеел.

– Ќе работам за граѓаните на Битола затоа што не сум поврзан со ниту една политичка партија. Мојата цел е да го уништам политичкиот криминал, митото и корупцијата, стопанскиот криминал во Битола. Ќе овозможам нови вработувања со висок стандард на живеење, подобар спорт, планска Битола и посебна поддршка и помош на социјално загрозените сограѓани за да излезат од оваа беда и сиромаштија, истакна Огненовски.

Независниот кандадат за градоначалник на општина Битола Јорго Огненовски изјави дека доколку биде избран за градоначалник, својата месечна плата ќе ја донира во фонд за сиромашни лица и семејства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!