Don't Miss
Home / Uncategorized / Огромна конкуренција за Оскарите на Битолски весник

Огромна конкуренција за Оскарите на Битолски весник

Акција на Битолски весник” Избор на најуспешни битолчани за 2017”

Конкуренцијата за  “Изборот на најуспешните битолчани за 2017 година” станува се поголема. Во редакцијата на Битолски весник и нашата меил адреса постојано пристигнуваат голем број на  купони со предлози на кандидати за “ Оскарите “ на Битолски весник.

Во некои категории веќе има по неколку кандидати за едно од признанијата. Тоа само ги потврдува нашите сознанија дека и годинашната Манифестација “ Избор на најуспешните битолчани “ на Битолски весник за 2017 година ќе биде мошне неизвесна.

Додека во редакцијата ги селектираме веќе  достасаните предлози, Битолски весник веќе наголемо работи на самата организација на Манифестацијата, која и годинава ќе се одржи во големата сала на ресторанот “ Вавилон” последниот петок во месец февруари, кој веќе 19 години е традиционален термин за одржување на Изборот.

Тоа што посебно не радува е што годинава ќе имаме голем број присутни на Манифестацијата, како и гост од земјата и странство.

Инаку како и секоја година ќе бидат избрани најуспешните во областа на политиката, стопанството, бизнисот, невладините организации, новинарството, естрадата, културата, спортот.

За можните кандидати нашите читатели можат да гласат на гласачките купони кои ги објавуваме во секој број на Весникот како и на меил адресата.

Гласањето ќе се одвива до среда 21 февруари 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*