Don't Miss
Home / Политика / Олга Лозановска: Ќе се гради дневен центар за болните од Алцхајмерова болест во Битола

Олга Лозановска: Ќе се гради дневен центар за болните од Алцхајмерова болест во Битола

Покрај моментното реновирање на битолската Клиничка болница во наредниот период, покрај тоа што  ќе бидат вложени значајни средства во набавка на опрема во битолското здравство, за подобрување на квалитетот на живот на лицата заболени од Алцхајмерова болест, која во последно време претставува најчеста форма на деменција и се јавува кај лица постари од 65 години, ќе се изградат дневни центри за лица заболени од Алцхајмерова болест. Ваков Дневен центар ќе биде отворен и во Битола.

Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатката за пратеничка од Битола во петтата изборна единица, Олга Лозановска од Битола.

Покрај тоа во програмата на ВМРО ДПМНЕ “Реално“ се планира во Клиничката болница  во Битола , во нова опрема  да  се инвестираат 1.163.000 евра, во Здраствениот дом  Битола, ќе се инвестираат 48.000 евра,а во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас  15.000 евра.

Лозановска нагласи дека Владата на ВМРО ДПМНЕ   ќе набави  нова најсовремена медицинска опрема, со која ќе се овозможи воведување нови методи, унапредување  на третманот на пациентите, а воедно и подигнување на квалитетот на здравствените услуги, а ќе се набават  и нови комплетно опремени санитетски возила за повеќето јавни здравствени установи низ државата,

Покрај опремата, ќе биде извршено и комплетно внатрешно реновирање на зградата на Клиничката болница  во Битола за што ќе бидат потрошени  вкупно 10.160.000  евра. Тоа ќе опфати  реновирање на стационарот и амбулантите, а во втората фаза реновирање на операционите сали и инфективното одделение, со цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги кои се обезбедуваат во болницата. И тоа не е се, Ургентниот центар во Битола ќе биде опфатен и со проектот зајакнување на постојните ургентни служби во клиничките болници,а предвиден е и развој на центар за рехабилитациона медицина, рече Лозановска.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*