Home / Вести / Донација од “ Боби турс “ за Здравствениот дом во Битола

Донација од “ Боби турс “ за Здравствениот дом во Битола

                

           Автопревозното претпријатие  за превоз на патници “ Боби Турс “ Битола денеска  на Здравствениот дом “ Д-р Хаим Абраванел “ му донираше заштитна опрема во скафандери за сите медицински вработени.

          Имајќи ги во предвид огромните напори кои ги прават вработените во Итната медицинска служба во Битола, како и ризикот на кој се изложени како општествено одговорна компанија “ Боби Турс “ на сите вработени им подари скафандери.

          – Заблагодарувајќи се за донацијата, директорката на Здравстевниот дом “ Д-р Хаим Абраванел“,  д -р Весна Спирковска истакна дека донираната опрема добро ќе им дојде за заштита на вработените кои се буквално 24 часа во служба на граѓаните и кои иако се изложени на ризик по нивното здравје тие секогаш се на своите работни места и посветено ги извршуваат работните задачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*