.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Оперската дива Гаранча за отворање на “Охридско лето“

Оперската дива Гаранча за отворање на “Охридско лето“

Со концертот на оперската дива Елина Гаранча од Латвија и Оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на маестро Јон Марин од Романија, во традиционалниот термин – вечерва, во 21 часот, на сцената на Антички театар, ќе започне 56-то издание на “Охридско лето“, најзначајната летна културна манифестација во земјава.

За грандиозно отворање на 56-то “Охридско лето“, манифестацијата која во децениите наназад израсна во една од најзначајните потврди на нашата со ништо неусловена културна комуникација со светот, оперски концерт на сцената на Антички театар. Од Латвија ни доаѓа светски познатата мецосопранистка Елина Гаранча, певица која критиката поодамна ја бележа како „изведувачка што стреми кон друштвото на великаните“ и уметница која со радост е пречекувана во Метрополитен операта во Њујорк, Виенската опера, оние во Франкфурт и Париз и која досега зад себе има 18 оперски улоги, над 140 перформанси и која е еден од најпродаваните артисти на прочуената дискографска куѓа „Дојче грамофон“.

Гаранча, во презентирањето на програмата – селекцијата на популарни арии од Глинка, Чајковски, Масне, Сен-Санс, Гуно, Пучини ќе биде придружувана од Оркестарот на Македонската опера и балет под диригенство на маестро Јон Марин од Романија, уметник кој раководел со многу познати ансамбли и соработувал со значајни имиња, иницијатор на проектите „Кантус Мунди“ и „Симфонија Мунди“ (посветени на едукација и социјална интеграција преку музика на маргинилизираните деца) и e добитник на бројни награди и признанија.

Актуелното издание на “Охридско лето“  планирано е да понуди програма сочинета од повеќе од 50 музички настани, девет театарски претстави, пет изложби и осум филмови од ризницата на најстарата продуцентска куќа во земјава „Вардар филм“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*