Home / Вести / Опозицијата ја напушти седницата на Советот

Опозицијата ја напушти седницата на Советот

               

        На денешната седница на Советот, опозицијата побара наместо  по точките утврдени во дневниот ред да се расправа за една и единствена точка, поточно за состојбата со пандемијата во Битола, која е алармантна, бидејки според советникот Иванчо Тошевски,  во моментот има 4.881 регистрирани случаи позитвни на ковид 19, со што Битола на 100 илјади жители има 120 случаи позитивни на Ковид 19.

        За само три недели бројот на позитвни во Битола се искачи на 1.106 лица, а бројот на починати достигна 193.

        Предвидувањата се дека во наредните денови Битола ќе го доживее пикот и бројот на заразени во Битола драматично ќе се зголемува.

        Воедно опозицијата предложи од средствата на општинскиот буџет да се издвојат 50 милиони денари за помош на болните од ковид 19 и Кризниот штаб да си даде оставка.

        Но ваквата иницијатива на опозицијата беше отфрлена од мнозинствто советници, по што незадоволната опозиција ја напушти седницата.

        Инаку во продолжението на седницата, Советот,  на предлог на градоначалничката Наташа Петровска донесе  одлука угостителите  уште од денес, да ги отстранат оградите од терасите  наместо  на  предвидениот рок – 15 април, за да се избегне престојување на повеќе лица во затворен простор.

         Градоначалничката на Битола,  Наташа Петровска имајќи ја предвид состојбата со заболени лица од ковид 19 во општината, побара да се донесе „Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола“.

Со донесувањето на оваа одлука се бара имателите на угостителските објакти да ја отстранат урбаната опрема-метална ограда со стакло, како и дрвената платформа, наместо на 15 април, истото да го направат почнувајќи од денешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*