Don't Miss
Home / Uncategorized / Општина Новаци испрати помош за настраданите подрачја во Скопско

Општина Новаци испрати помош за настраданите подрачја во Скопско

На денешната вонредна седница на Советот на општина Новаци се расправаше за испраќање помош на поплавените подрачја во Скопскиот регион кои викендов  беа зафатени од катастрофалното невреме.

Беше одлучено да се испрати помош во вода и средства за хигиена во вредност од 200 000 денари.

-По серијата разговори со моите колеги од погодените подрачја од поплавите и невремето во скопскиот регион, она што им е најпотребно на загрозените жители е вода и средства за хигиена. Токму затоа денеска свикавме вонредна седница на Советот на општина Новаци на која се договоривме да донираме во износ од 200 000 денари. Постои голема солидарност и кај жителите на општина Новаци кои донираат вода, храна и средства за хигиена кои исто така ќе бидат испратени затоа што знаеме како е во вакви услови и колку нам ни значеа донациите и помошта која ни беше дадена минатата година кога ние бевме погодени од поплава- рече  Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Моментно  е  отворен  пунк за донации во Новаци каде сите хумани граѓани можат да донираат и да ја покажат на дело својата хуманост и солидарност.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*