Home / Вести / Општината Битола го откажа покровителството на Семакедонска средба во Трново

Општината Битола го откажа покровителството на Семакедонска средба во Трново

                            

          Утре во дворот на црквата “ Пресвета Богородица “ во селото Трново,  во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес, Здружението на македоцните од Егејскиот дел на Македонија “ Македон “ и Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија – Битола, ќе се одржи 49 Семакедонска средба.

          Иако и годинашната Семакедонска средба, како и сите претходни  требаше да се одржи под покровителство на општината Битола, на само еден ден пред одржувањето на средбата,  организаторот  е известен  од страна на општинската администрација дека не само што нема да земат учество на средбите и дека нема да испратат претставник, туку  и дека Општината го откажува покровителството.

          Причините за откажување на покровтителството било наводно поради презафатеност и не можност на градоначалничката на Битола, Наташа Петровсла да присуствува на средбата.

          За утрешната средба своето учество го откажале  и владини преставници, кои нема да присуствуваат на средбата.

          Организаторот иако е затечен со ваквата одлука сепак одлучи да ја одржи  Семакедонската средба како што велат по сите заштитни мерки и протоколи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!