Home / Вести / Општината почна да ги остранува монтажните гаражи зад ЈАТ

Општината почна да ги остранува монтажните гаражи зад ЈАТ

               

Како што беше најавено денеска локалната самоупрва во Битола почна со остранување на монтажните гаражи зад ЈАТ, во  центарот на градот.

Станарите се собраа  пред зградата и рекоа дека ќе се спротивстват на остранувањето на гаражите,  бидејки  Општината не покажала сообраќајно решение и идеен проект каков паркинг ќе се прави на просторот, бидејки според ДУП-от на тој простор предвидено е изградба на  катна гаража.

На остранувањето на гаражите присуствуваше  градоначалникот, Тони Коњановски кој  на станрите  им вети дека нема да дозволи изградба на катна гаража, нити зграда, туку само партерно уредување на паркингот.

-Советот уште во мај донесе одлука да се ослободат јавните површини за да им служат на граѓаните, онаму каде е можно да се направи паркинг, на друго место парк. Постапката за сообраќајно решение за овој простор е во тек. Ќе има партерно уредување и  гарантирам дека нема да има катна гаража. Не дојдов  тука да  карам со  граѓаните. За жал, се исполитизира работата од политичлки партии кои сакаат во градот уште да владее хаос. Јас нема да дозволам. Ќе се постапува според одлуките на Советот и ќе се уредат јавните површини кои се узурпирани од  трафики, гаражи, диви продавачи.

Најголемиот дел од граѓаните во Битола се согласуваат дека треба да ги уредиме јавните површини кои беа узурпирани, изјави Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*