Don't Miss
Home / Вести / Општината со сопствени средства ќе купува еко автобуси

Општината со сопствени средства ќе купува еко автобуси

          Општината Битола наместо со кредит со сопствени средства од буџетот ќе набави еко автобуси.

          Поради ваквата  одлука на денешната седница  беше повлечена одлуката на  Советот з акредитно задолжување на Општината во висина од 1 милион евра за кушувае 4 еко автпбуси.

-Наместо средства од кредит ќе користиме сопствени средства. Веќе е завршена набавката и во тек е испораката на два минибуси со околу 21 седиште, за уште два автобуси ќе биде за брзо распишана набавка и со ребалансот на буџетот ќе бидат обезбедени уште два минибуси.

Целиот тој возен парк кој ќе го направи ќе влези во новото регионално јавно претпртијатие за превоз за кое донесовме одлука. Значи не го користиме кредитот, туку ќе користиме сопствени средства и затоа ја повлекуваме одлуката за задолжување на општина Битола, која што ја донесовме како Совет, изјави претседателот на Советот, Валентин Груевски.

Ваквата одлука на Советот опозицијата г оцени како уште една манипулација на општинското раководство.

-Повторно паѓаат во вода лагите на градоначалничката  Наташа  Петровска изречени во текот на предизборието.

Петровска помпезно најавуваше дека ќе  следи набавка на четири еко-автобуси. Планирано беше општина Битола, така барем најавија, така ги излажаа граѓаните дека беше планирано да се задолжи општина Битола со 1 милион евра за  набавка на 4 еко-автобуси, со цел подобрување на општинските услуги, но сега се предомислија бидејки денеска локалната власт побара  да се донесе одука  за престанување на важноста  на Одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Битола во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги“, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Инаку неодамна Советот на општината Ботоал донесе одлука за формирање на регионално јавно претпријатие за превоз на ученици и другите граѓани, во кое покрај Битола ќе партиципираат и општините Новаци Могила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*