Home / Uncategorized / Орце Камчев ги повлекува бизнисите од Македонија

Орце Камчев ги повлекува бизнисите од Македонија

Бизнисменот Орце Камчев во изминативе месеци тивко и полека ги напушта бизнисите во земјава, пишува Слободна Европа. Се повлече од управувањето и стана малцински сопственик на Систина, а претходно се повлече од директорското место во Орка Холдинг.

Осомничениот бизнисмен во предметот „Империја“ и еден од клучните сведоци во „Рекет“, Орце Камчев, во изминативе месеци тивко и полека ги напушта бизнисите во земјава. Според податоците од Централниот регистар, Камчев во мај годинава се повлекол од раководната функција во приватната здравствена установа „Аџибадем Систина“. На 17 мај тој го известил Централниот регистар дека ја напушта директорската позиција и дека на негово место доаѓа Ѓун Ѓунсој од турските партнери во Истанбул.

Само три недели претходно во Централниот регистар биле заведени и измени во сопственичката структура, односно фирмата Орка Холдинг, која се јавува како еден од сопствениците на болницата, станува малцински партнер. За споредба, во 2016 година Орка Холдинг како сопственик на болницата оставила паричен влог од 13 милиони евра, додека турската Аџибадем како основач влегла со 6,5 милиони евра. Во април 2019 година била извршена промена, со што доминантен партнер станува Аџибадем со паричен влог од 7 милиони евра, додека Орка Холдинг како втор партнер во основачкиот влог учествува со 6 милиони евра.

Претходно, во медиумите беше објавено дека осомничениот бизнисмен Камчев се повлекол од раководните позиции и во Орка Холдинг. Тој се повлекол од директорското место и од позицијата извршен член во Одборот на директори, а останува единствено неизвршен член на Одборот со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа.

Во меѓувреме, името на Камчев го нема ни во управувачкиот одбор на ЗК Пелагонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*