Home / Uncategorized / “Оскарите “ ги очекуваат славениците

“Оскарите “ ги очекуваат славениците

               

          До завршниот дел на Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани за 2019 година” остануваат само уште два дена.

           На два дена  пред Изборот  се е подготвено  за спектакуларниот избор на најуспешните битолчани, кои в 2019 година  со своите успеси и резултати се афирмирале себеси, но ја афирмирале и Битола.

          Битолски весник ги заврши сите подготовки  за и годинашниот избор на најуспешните  битолчани, како и  во сите претходни 20 години да помине во свечена и незаборавна атмосфера, која покрај добитниците на признанијата долго време ќе ја паметат и присутните во ресторанот “Вавилон”.

          Влезнциите за Манифестацијата се веќе одамна (рас)продадени.

          Годинава покрај за присуството на завршниот дел на  Манифестацијата оромен  беше интересот и за признанијата на Битолски весник. Во изминатите два месеци над 120 битолчнаи конкурираа за едно од признанијата. Добар дел добитниците  се веќе познати.

          Денеска по официјалното  затворање на гласањето ќе бидат познати  сите добитници.

           Поради големиот интерес покрај наградите по категории Битолски весник ќе додели и петнаесетина посебни признанија.

          Сите тие со своите резултати навистина достојно ја промовирале Битола, градот, кој како што велат најголемиот број од нив многу го сакаат.

          Познати се и музичките групи и пеачи, кои по официјалниот дел на манифестацијата и вражувањето на признанијата  ќе ги забавувата присутните во “ Вавилон”, кои со својот прекрасен и раскошен амбиент ги очекува бројните гости.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*