.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Оставка на главната сестра во Битолската болница

Оставка на главната сестра во Битолската болница

       

Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска  во Битола си поднесе неотповиклива оставка.

За оставката на местото главна сестра, Бајовска покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче.

Засега не се познати причините за оставката на главната сестра Радмила Бајовска, но од добро информирани извори на Битолски весник дознаваме дека Бајовска оставката ја поднесла поради несогласувањето околу  организацијата на работата и лекувањето на болните од Ковид 19 во Клиничката болница.

Инаку Радмила Бајовска е сестра со долгогодишно искуство и таа беше главна сестра во изминатите неколку години откако СДСМ дојде на власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*