Home / Uncategorized / Оставка на советничката Соња Карапец

Оставка на советничката Соња Карапец

Само кусо време по верификацијата на нејзиниот советнички мандат, сосема (не)очекувано од советничката листа на СДСМ и Коалицијата “ Живот за сите “ се повлече советничката Соња Карапец, која на изборите беше на добитното второ место.

Иако таа не ги обрзложи причните зошто се повлекува од советничкото место, сепак според извори на Битолски весник таа својата оставка ја поднесе затоа што наскоро треба да се седне на некоја директорска фотелја.

Инаку на местото на Соња Карапец треба да седне Златко Алексовски од СДСМ, кој  на изборите беше на 18 место.

Според извори на Битолски весник наскоро треба да се очекуваат и нови оставки на советничките места од листата на СДСМ и Коалицијата “ Живот за сите” бидејќи се очекува некои од советниците, кои се на добитните места да бидат избрани на раководни функции.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*