Home / Uncategorized / Осуммина функционери на ВМРО ДПМНЕ заштитени сведоци на СЈО

Осуммина функционери на ВМРО ДПМНЕ заштитени сведоци на СЈО

Осум функционери на ВМРО-ДПМНЕ, луѓе од највисокото партиско раководство, всушност од најблиското опкружување на лидерот Никола Груевски се заштитени сведоци на СЈО, рече еден од иницијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески во вечерашното гостување во Топ тема на телевизијата Телма.

Тој рече дека нема информации дали Груевски и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков го знаат тоа и порача тие повеќе да се плашат од потезите на луѓето од своето опкружување, отколку од „реформаторите“.

Тој рече дека потребата од промени и реформи во партијата се појавува циклично, на отприлика секои 10 години.

– Сега пак е дојдено време за нова преродба, односно за реформи во ВМРО-ДПМНЕ – рече Богојески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!